ОЛЕСНУВАЊЕ ЗА УЧЕНИЦИТЕ ОД ПОСЕБНИТЕ ПАРАЛЕЛКИ ООУ „СТРАШО ПИНЏУР“ НЕГОТИНО.СЕ ПОДГОТВУВА СЕНЗОРНА СОБА ЗА ПОДРШКА НА УЧЕНИЦИТЕ СО ПОПРЕЧЕНОСТ
Според Законот за основно образование, во училиштата каде што има посебни паралелки, потребно е да се формира центар за поддршка на учењето на учениците со попреченост. За таа цел, во ООУ „Страшо Пинџур“ Неготино во тек е отворање и опремување на специјализирана сензорна соба која ќе биде наменета и за соодветна поддршка на учениците со попреченост и која ќе биде опремена со материјали, средства и помагала од Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“. Исто така, покрај сензорната соба, учениците со попреченост добиваат и адаптирани санитарни јазли специјално прилагодени на нивните потреби. Сензорната соба е лоцирана во приземниот дел на училиштето во Неготино се со цел за полесен пристап за сите ученици со попреченост до истата. Директорот на училиштето Сашо Ѓорѓиев потенцира дека со отворањето на сензорната соба и професионалноста што наставниците ја поседуваат за работа со оваа катергорија на ученици, ќе дојде до значително подобрување на нивната инклузивност во реализацијата на редовниот образовен процес.
м.в.