МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Неготинскиот градоначалник Тони Делков е позитивен на Ковид-19. Оваа информација попладнево ја објави и тој на социјалните мрежи, а информираа и од прес-службата на општината.

„-Почитувани сограѓани. И покрај почитувањето на мерките за заштита од коронавирусот, чувствувам обврска да Ве информирам дека по извршениот тест за Ковид-19 , резултатот е позитивен. Изразувам длабоко извинување до сите со кои изминатиот период имав контакт и уште еднаш апелирам, почитувајте ги мерките и препораките за заштита од коронавирусот„ вели Делков на Фејсбук.

Градоначалникот на Неготино Тони Делков вели дека до завршување на периодот на лекување и изолација, работните обврски ќе ги извршува од дома.