ГРАДЕЖНИТЕ АКТИВНОСТИ ВЛЕГОА ВО ЗАВРШНА ФАЗА
На задоволство на граѓаните на општина неготино привршуваат градежните активности околу изградбата на новата детска градинка.Градот се очекува да добие нов модерен објект по сите стандарди и критериуми. Во оваа фаза остана уште опремување на внатрешното уредување на објектот односно ентериерот, дасе комплетира партерното уредување и да се среди и уреди парковска површина во непосредна близина на градинката. Инаку новата градинка треба има 9 занимални, односно капацитет за згрижување од околу 160 деца.
М.В.