МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

ДОДЕЛЕНИ НАГРАДИТЕ И ПРИЗНАНИЈАТА ВО ОПШТИНА НЕГОТИНО ПО ПОВОД ПРАЗНИКОТ 8 НОЕМВРИНАЈВИСОКАТА ОПШТИНСКА НАГРАДА ЈА ДОБИ ДР. СИЛВАНА ФИЛИПОВА ОД ОБЛАСТА НА МЕДИЦИНАТА

Во недела Општина Неготино ке го прослави денот на општината 8-ми ноември. Во пресрет на празникот веке се познати и добитниците на највисоките општински награди и признанија „8 Ноември“, кои традиционално се доделуваат во чест на ослободувањето на градот Неготино. Годинава највисоката општинска награда ја доби Д-р Силвана Филипова ии тоа од областа на медицината. Таа е насловен доцент по предметот логопедија при Институтот за дефектологија при Филозофскиот факултет во Скопје а од минатата година е и директор на Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас во Скопје. Здружение на граѓани „Ековита“-Неготино годинава го доби признанието за развој на граѓанскиот сектор бидејки во изминатиот едногодишен период реализираа бројни активности со кои дадоа активен придонес за развој на граѓанскиот сектор во општина Неготино. Активистите на Ековита го следат аерозагадувањето и алармираат до населението, а ја спроведоа и иницијативата за референдум против изградба на депонија. Димитар Аврамов доби признание од областа на хуманирната дејност. Негово дело е хуманитарниот маратон „Неготино се буди“, со одржување на серијал од повеќе хуманитарни настани и се одржува веке шест години по ред. Ѓорѓина Димова доби признание од областа на образованието и ИТ секторот. Таа е наставничка во ООУ„Страшо Пинџур“ во Неготино и добитник е на 10-тина награди и признанија од одржани престижни натпреварувања во земјава и странство, подготвува и реализира бројни проекти со кои врши промоција на училиштето во кое работи,општината и државата, а нејзините проекти се промовирани во многу списанија, весници и портали. Илија Апостоловски за крај доби признание од областа на спортот. Според одлуката за доделување на награди и признанија, тој е еден од најталентираните и најдобри млади фудбалски голмани во нашата држава во категоријата во која се натпреварува.

м.в.