ПРОЕКТОТ Е ОДОБРЕН ОД ЕУ А УЧЕСТВУВААТ ПО 2 ОРГАНИЗАЦИИ ЗА МЛАДИ И ЗА КУЛТУРА ОД СРБИЈА, ХРВАТСКА И МАКЕДОНИЈА
"THE MELTING POT" - е насловот на меѓународниот проект одобрен од Европската унија во рамки на програмата ЕРАЗМУС+ КА2 кој ќе трае 15 месеци. Општинската установа Музеј На Град Неготино е еден од партнерите во овој проект за претопување на културата со младите, а носител на проектот е Националната Асоцијација за практикување на младинската работа од Нови Сад, Р.Србија. Во овој проект вклучени се по две организации (една за млади и една за култура) од три различни држави: Хрватска, Србија Македонија. Од нашата држава претставници се Сојузот за младинска работа и Општинската установа Музеј на град Неготино. Првиот состанок на партнерите (во живо) се одржа овој месец во Нови Сад а домаќин беше Галеријата на Матица Српска. Во наредниот период од 15 месеци ќе се одржуваат состаноци и во Загреб, Скопје и Неготино.
М.В.