МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Уверенија за градоначалнички и советнички мандат денеска добија и новоизбраниот градоначалник на Неготино д-р Горан Стојанов и петнаесетте новоизбрани советници.

Градоначалникот и носителите на советничките листи изјавија дека ќе работат во интерес на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ имаат по седум советници, а Левица еден. Засега ниедна партија го нема мнозинството во советот. Стојанов денеска ја презеде градоначалничката функција од неговиот претходник Тони Делков.