МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Ekипи на Комуналец во Неготино работат на остстранување на дефектот

Од ЈП Комуналец-Неготино информираат дека поради настанат дефект на ул. Васка Калајџиска, во прекин е водоснабдувањето во делови на градот. Така, без вода за пиење се жителите од улиците Владо Арсов Шпанац, Киро Крстев, Антигона 1, дел од Маршал Тито, Душан Јуруков, Васка Калајџиска, Манчо Малиминов, Никола Петров, 11-ти Октомври и 29-ти Ноември.

Екипи на ,,Комуналец" се присутни на терен и работат на отстранување на дефектот, по што водоснабдувањето ќе се нормализира.