Во убава, топла атмосфера, со многу народ,Центарот за култура во Неготино, му приреди одлично преставување на делата на кавадаречкиот ликовен уметник Горан Боев во овој град.
Тој на публиката во Неготино се престави со негови слики од последниот циклус на портрети и дриуги мотиви со кој е препознатлив.А луѓето ја сакаат неговата уметност затоа што е квалитена и вредна .Биографија за неговиот живот и творештво прочита Маријонка АНДОНОВСКА -поетеса од Неготин, а за Боев говореа и Тодор Богев и Виолета Стоајновска- директорка на ова културна институција (Центар за култура-Неготино).Скромниоит Горан Боев на крајот им се заблагодари на неготици за топлиот прием и за честа која му ја укажаа многумина присуствувајќи на отварањето на неговата изложба.