МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

„На 02.08.2022 околу 03.35 часот во Неготино, од полициски службеници од Полициска станица Неготино е лишен од слобода П.Н.(51) од Неготино, поради сомнение дека околу 01.30 часот во дом во Неготино, ѝ нанел повреди 46-годишна жена од Неготино, со која бил во љубовна врска, по физичка пресметка со неа. За настанот е известен Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Неготино. Жената е пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.“- се наведува во новиот билтен на МВР.