МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Новиот градоначалник на Општина Неготино Тони Делков денеска ја презеде фукцијата од досегашниот градоначалник Ванчо Апостолов

Извршно е примопредавање на власта во Неготино.Досегашнит градоначалник на Општина Неготино Ванчо Апостолов денеска му ја предаде функцијата на новиот градоначалник на ова Општина Тони Делков.Капиталните објекти рече тој треба да продолжат да се остваруваат, со цел Неготино да биде поубаво.

Новиот градоначалник Тони Делков во изјавата рече дека ова нова должност за него е обврска а не привилегија.„Пред се обврска е кон граѓаните. За да ги оствариме сите проекти, кои ги дадовме во изборната кампања. Благодарам за довербата од граѓаните,„ рече Делков.