Array
(
    [PHPRC] => /home/rtkadm/fcgi-bin/../etc/php7.2
    [PWD] => /home/rtkadm/fcgi-bin
    [PHP_FCGI_MAX_REQUESTS] => 99999
    [SHLVL] => 0
    [PATH] => /usr/local/sbin:/usr/local/bin:/usr/sbin:/usr/bin:/sbin:/bin:/snap/bin
    [CONTENT_LENGTH] => 0
    [HTTP_CONNECTION] => close
    [SCRIPT_NAME] => /preview.php
    [REQUEST_URI] => /preview.php?id=1405
    [QUERY_STRING] => id=1405
    [REQUEST_METHOD] => GET
    [SERVER_PROTOCOL] => HTTP/1.1
    [GATEWAY_INTERFACE] => CGI/1.1
    [REMOTE_PORT] => 48615
    [SCRIPT_FILENAME] => /home/rtkadm/public_html/preview.php
    [SERVER_ADMIN] => [no address given]
    [CONTEXT_DOCUMENT_ROOT] => /home/rtkadm/public_html
    [CONTEXT_PREFIX] => 
    [REQUEST_SCHEME] => http
    [DOCUMENT_ROOT] => /home/rtkadm/public_html
    [REMOTE_ADDR] => 18.227.49.73
    [SERVER_PORT] => 80
    [SERVER_ADDR] => 95.86.15.250
    [SERVER_NAME] => rtk.mk
    [SERVER_SOFTWARE] => Apache/2.4.29
    [SERVER_SIGNATURE] => 
    [HTTP_HOST] => rtk.mk
    [HTTP_ACCEPT_ENCODING] => gzip, br, zstd, deflate
    [HTTP_USER_AGENT] => Mozilla/5.0 AppleWebKit/537.36 (KHTML, like Gecko; compatible; ClaudeBot/1.0; +claudebot@anthropic.com)
    [HTTP_ACCEPT] => */*
    [SCRIPT_URI] => http://rtk.mk/preview.php
    [SCRIPT_URL] => /preview.php
    [FCGI_ROLE] => RESPONDER
    [PHP_SELF] => /preview.php
    [REQUEST_TIME_FLOAT] => 1732483686.1813
    [REQUEST_TIME] => 1732483686
)
(Видео)Tиквешко востание 1913-2017


МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Во репресалиите по Тиквешкото востание , според пишаните документи загинале над 500, а според непишани податоци над 1.000 жители н Кавадарци, Неготино и селата во двете општини.

Денот на кревањето на Тиквешкото востание денеска беше повод да се чествува пред споменикот подигнат во негова чест во паркот – Поланата.Делегации на Локалната самоуправа и градоначалникот Александар Панов, Советот на Општината, Здружението на борци и други граѓани положија свежи цвеќиња пред споменикот.Кусотос- историчарот Марија Михова, се осврна на периодот на кревањето на востанието и приликите кои тoј период биле присутни на овој терен.Актерите Диме Коцевски и Марија Глигорова-преку актерски перформанс не доближија до настаните кои се случиле пред 104 години.Градоначалникот Панов пак во свооето обраќање го апострофира месец јуни како значаен месец во историјата на Кавадарци и Тиквешијата, кога се давал голем отпор кон окупаторите:некогаш бугарскиот, некогаш српскиот, но тоа биле и периоди на будење на слободоумната мисла и стремеж за слобода.Неговата поента сепак беше дека ние им простуваме на убиците но не забораваме никогаш што тие напоравиле врз нашите предци.Актерот Александар Малинков-во одјавниот збор упатувајќи комлименти за авторот на споменикот -Кире Мукаетов и авторот на постаментот Димитар Самарџиев,потсети за значењето на делото и нивната порака, овој народ секогаш да ги почитува и со внимание да се сеќава настаните во кој е изразена борбата на слобода.Споменикот е поставен 1913 година.

00101010100099889000.jpg.jpg

Историјат на настанот

До 1993 година овој настан од стариот општествен политички систем беше тргнат од историската мапа. По симпозиумот на градскиот Музеј, од таа година 20 години се одбележува споменот на Тиквешкото востание.Особено по 2006 година тоа во Кавадарци се прави со поголемо внимание и пиетет.Инаку Тиквешкото востание е прв организиран масовен народен вооружен отпор против српската власт којашто ја окупирала Вардарска Македонија по повлекувањето на турските сили по Првата балканска војна. Востанието започнало на 19 јуни 1913 година, во Тиквешијата и траело седум дена. Тиквешкото востание е самостојно дело на тиквешкото население, спонтано организирано и раководено од месните дејци, револуционери и војводи на Организацијата, а потпомогнато од четите на ВМРО. Покрај Неготино и Кавадарци, ослободени се и педесетина села во областа Тиквеш. Четите на Дончо Лазаров и Михаил Шкартов ги напаѓаат и ги протеруваат српските војски од Неготино. Српските власти испраќаат свои чети од околните села кон Неготино, но сите тие се разбиени. Востаниците продолжуваат понатаму и успеваат да ги протераат српските чиновници и писари од општинската зграда во Кавадарци и симнувајќи го српското знаме, го поставуваат тиквешкото револуционерно знаме. На 20 јуни е одржано и свечено собрание на коешто е избрана и градска управа составена од 12 видни кавадарчани, а слободата траела само 7 дена.По седум дена Србите испраќаат голема војска предводена од Василие Трбиќ, како и од Јован Бабунски и Јован Долгач. На помош на српската војска иде и башибозук на Јаја Ага со 250 вооружени души. Тиквешките востаници, заедно со четите на војводите Христо Чернопеев и на Петар Чаулев се оставени сами да се соочат со српската војска, но не успеваат во своите напори. Во востанието загинале околу 1.000 тиквешани од коишто на 500-тина имињата со сигурност им се знаат меѓу кои голем број мажи, жени, деца и старци биле убиени, заклани и живи изгорени.150 кавадарчани се врзани на колје во центарот на градот и се оставени да висат 30 часа под пеколното сонце, а после тоа заедно со уште 50 други кавадарчани се одведени во месноста Полјаната и стрелани.Над 100 тина убиени биле од Неготинско. Запалени биле над илјада куќи, а околу 2.700 луѓе биле затворени. Војската вршела страшен терор и во реонот околу Криволак - колеле луѓе, а во фурни ги гореле децата.