По пресот на ОО на СДСМ-Кавадарци за денешната одлука на Владата отстапување државно земјиште на општината за изградба на затворен пазар во Кавадарци,со реакција се јави ОК на ВМРО-ДПМНЕ-Кавадарци.Во реакцијата е содржано.
„Новата Влада на СДСМ нема ниту еден проект, па во очај се фалат со проекти на ВМРО-ДПМНЕ.ВМРО-ДПМНЕ изградбата на новиот пазар ја вети на локалните избори со што по изборите одма се отпочна процес со кој ветеното на изборите да се преточи во реален проект.Се собираа дозволи и се превземаа повеќе чекори за реализација на овој проект за се да биде на легален и на законски начин со што и при промена на власта, да нема начин како новата власт да ја сопре изградбата на новиот пазар и потоа да обвинува дека ВМРО-ДПМНЕ нешто ветиле а не исполниле. По доаѓањето на власт на СДСМ, им остана на готов проект само да удрат потпис.Господата од СДСМ во Кавадарци немајќи со што да ја пофалат новата влада сакаат да ги манипулират граѓаните и изградбата на новиот пазар да си ја прикажат како нивна идеја и нивни проект.Ваквото однесување на СДСМ не е прв случај, истото се случи и во Струмица и во Прилеп, каде беа донесени странски инвестиции од страна на ВМРО-ДПМНЕ, а отидоа да сечат ленти преставници на СДСМ.Кавадарчани знаат да направат разлика. СДСМ се однесува исто како во времето на транзицијата кога на маката на народот се награбаа богатсво. Место владата на СДСМ да се фали со проекти на ВМРО-ДПМНЕ, Кавадарчани очекуваат да се почнат проектите на СДСМ кои ги ветија на избори, чекаат минимална плата од 16 000 денари, чекаат бесплатно здравство, чекаат ефтина струја и укинување на радиодифузна такса. Ништо од тоа. Чист популизам.„ се вели во реакцијата на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци на денешната прес на ОО на СДСМ-Кавадарци.