Штети од град кај лозјата и овошките во селата Паликура и Курија
Градот што го зафати Тиквешкиот регион предизвика штети кај лозовите и овошните насади во селата Паликура и Курија.
-Оштетени се околу 50 хектари лозови и овошни насади. Се препорачува на лозарите после градот да ги третираат лозјата со бакарни средства со цел да се излечат раните врз ластарите во лозјата, рече Драган Николов, советник во подрачната единица на агенцијата за поттикнување на развојот во земјоделството.
Николов вели дека штетите дополнително ќе се утврдуваат и потсетува дека сеуште важи мерката со која државата му помага на земјоделците и плаќа 60 отсто при осигурување на имотите.
-Лозарите кои немаат прва заштита да го направат тоа со системична заштита бидејќи со последните врнежи ќе се придонесе за појава на знаци на болеста пламеница кај лозјата, советува Николов