Проектот е финансиран од Министерството за локална самоуправа
Започна со изведба проектот во општина Росоман за финализирање на каналот за отпадни води во Росоман. Проектот е финансиран од Министерството за локална самоуправа – Биро за регионален развој , а проектот е аплициран од страна на Центарот за развој на Вардарски плански регион. Вкупната финансиска конструкција на проектот е 1.608.540 денари.
Со овој проект, се очекува да се надминат проблемите кои доаѓаат од атмосферски води а кои најмногу прават проблеми на улиците „Стерјо Несторовски“ , „Никола Карев“ и магистралниот пат Градско-Прилеп.