Array
(
    [PHPRC] => /home/rtkadm/fcgi-bin/../etc/php7.2
    [PWD] => /home/rtkadm/fcgi-bin
    [PHP_FCGI_MAX_REQUESTS] => 99999
    [SHLVL] => 0
    [PATH] => /usr/local/sbin:/usr/local/bin:/usr/sbin:/usr/bin:/sbin:/bin:/snap/bin
    [CONTENT_LENGTH] => 0
    [HTTP_CONNECTION] => close
    [SCRIPT_NAME] => /preview.php
    [REQUEST_URI] => /preview.php?id=3387
    [QUERY_STRING] => id=3387
    [REQUEST_METHOD] => GET
    [SERVER_PROTOCOL] => HTTP/1.1
    [GATEWAY_INTERFACE] => CGI/1.1
    [REMOTE_PORT] => 2407
    [SCRIPT_FILENAME] => /home/rtkadm/public_html/preview.php
    [SERVER_ADMIN] => [no address given]
    [CONTEXT_DOCUMENT_ROOT] => /home/rtkadm/public_html
    [CONTEXT_PREFIX] => 
    [REQUEST_SCHEME] => http
    [DOCUMENT_ROOT] => /home/rtkadm/public_html
    [REMOTE_ADDR] => 18.118.32.7
    [SERVER_PORT] => 80
    [SERVER_ADDR] => 95.86.15.250
    [SERVER_NAME] => rtk.mk
    [SERVER_SOFTWARE] => Apache/2.4.29
    [SERVER_SIGNATURE] => 
    [HTTP_HOST] => rtk.mk
    [HTTP_ACCEPT_ENCODING] => gzip, br, zstd, deflate
    [HTTP_USER_AGENT] => Mozilla/5.0 AppleWebKit/537.36 (KHTML, like Gecko; compatible; ClaudeBot/1.0; +claudebot@anthropic.com)
    [HTTP_ACCEPT] => */*
    [SCRIPT_URI] => http://rtk.mk/preview.php
    [SCRIPT_URL] => /preview.php
    [FCGI_ROLE] => RESPONDER
    [PHP_SELF] => /preview.php
    [REQUEST_TIME_FLOAT] => 1732475210.2976
    [REQUEST_TIME] => 1732475210
)
/Видео/ ПРЕС OO на СДСМ/ Мелов:„Оставете ги партиските интереси и мислете за државата“


МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

На пладневниот прес на ОО на СДСМ Кавадарви портпаролот на ова партија му одговори на вчерашното презентирање во јавноста на ставовите на ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци.

„Почитувани сограѓани

Ние сме свесни за конфузијата која моментално владее во ВМРО-ДПМНЕ.

Затоа го охрабруваме раководството на ВМРО-ДПМНЕ да продолжи да разговара, да размислува и да биде посветено на иднината на европска Македонија.

Има уште време до 30-ти септември.

Има време да се охрабрат и да одлучат.Да останат на зборот и на нивната повеќедецениска позиција, членството на Македонија во НАТО и ЕУ.

Наместо да се служите со манипулации за ситно политичко профитирање, време е како најголема опозициска партија конечно да излезете со јасен став за референдумот.

Покажете храброст и кажете го вашиот став. Оставете ги на момент партиските интереси и мислете малку за државата. Помислете на момент за вашата иднина и иднината на вашите деца.

Проблеми во лозарството имаме постојано. Меѓутоа оваа влада од лозарите не бега, како вашите поранешни функционерите во минатото.

Доаѓа и ги решава проблемите на лозарите. Обезбеди дополнителна субвенција од еден денар за килограм грозје за оваа откупна година.

Меѓутоа за проблемите во лозарството еднаш засекогаш се надминат, потребна ни е ЕУ.

Со влезот во Еворпската Унија нашите производи ќе се продаваат на пазар од 500 милиони потрошувачи, односно 250 пати поголемпазар од нашиот домашен. Со ова пласманот на било кој земјоделски производ, никогаш повеќе нема да биде доведен во прашање.

15 милиони евра европски пари ќе добиеме од ЕУ за македонското земјоделството во 2019 година. Со нашето напредување во ЕУ овие парични средства секоја година ќе се зголемуваат. Ова ќе значи повеќе европски средства за субвенции, механизација, со цел подобар производ и пласман по подобри цени.

Договорот е влог во нашата иднина.

Со договорот се заштитува и јакне македонскиот идентитет.

Според членот 7 од Договорот, македонскиот идентитет ги отсликува нашата територија, јазик, народ. Со сите атрибути, со своја историја, култура и наследство.

Според членот 1 од Договорот, македонскиот јазик е потврден како официјален јазик на нашата земја.

Со Договорот, македонскиот јазик станува официјален во НАТО и ЕУ.

Историските моменти повикуваат на одговорност.

За иднината на Македонија треба сите да дадат свој придонес.

Раководството на ВМРО-ДПМНЕ треба да покаже одговорност и одлучност.

Во овој историски момент ги повикуваме членовите на ВМРО-ДПМНЕ да одлучат и да ја поддржат иднината на Македонија во европското семејство.

Ајде сите заедно да обезбедеме подобра иднина за граѓаните на Македонија.

Ви благодарам„- е наведено во пресот на ОО на СДСМ денеска.