По повод 7-ми Ноември, денот на Ослободувањето на Општина Демир Капија, а за постигнатите остварувања што претставуваат посебен придонес за развој и унапредување на општината за нејзин севкупен напредок и афирмација, Советот на општина Демир Капија донесе одлука Наградата “7-ми Ноември“ за 2018 година да се додели на: МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА И ПРОСТОРНО ПЛАНИРАЊЕ поради укажаната подршка и одобрување на проекти на општина Демир Капија од областа на заштитата на животната средина и подобрување на условите за живот. Во текот на изминатата година од страна на горенаведеното министерство беа одобрени два големи проекти и тоа:
- Проект за изградба на канализациона мрежа во с. Чифлик
- Проект за изградба на базен за вода за пиење во с.Бистренци.
Признанија се доделуваат на:
1.Винарска Визба ПОПОВА КУЛА Демир Капија поради долгогодишна афирмација и промоција на општина Демир Капија во областа на винскиот туризам и винопроизводството во земјава и во странство. Во текот на своето 13 годишно постоење, винарската визба Попова Кула стана една од најпосетуваните вински дестинации во Р. Македонија, а со тоа и препознатлив симбол на нашата општина.Во истата се вработени 35 лица на неопределено време.
2.Друштво за производство трговија и услуги ГАМА ВИНЕРИ ДООЕЛ Гевгелија - Подружница ВИНАРИЈА ГАМА Демир Капија како најголема инвестиција во изминатата календарска година и реактивирање на најстарата винарија на Балканот.Оваа инвестиција допринесе да се отворат голем број на нови работни места, а со отварањето на угостителските и сместувачки капацитети допринесе за подобрување на туристичкиот потенцијал на општина Демир Капија.
3. Амбасада на Република Полска која со финансиска подршка од 877.080 денари овозможи да се реализира проектот Подобрување на условите за живот преку унапредување на животната средина, со кој што се придонесе кон Подобрени услови за живот на населението, Намалување на ризиците од појава на заразни болести , Чистење и отстранување на дивите депонии низ атарите на петте населени места во општина Демир Капија,Намалување на отпадот низ улиците во населените места, Зголемување на свеста кај локалното население за заштита и унапредување на животната средина, Зголемување на атрактивноста и потенцијалот на подрачјето за привлекување инвестиции, Создавање услови за креирање на нови работни места во ЈКП Бошава поради зголемениот обем на работа и Подобрување на локалниот економски развој.
4. Благој Велковски од Канада, со потекло од Демир Капија поради неговата несебична хуманост и помагање на сограѓани и семејства од социјално ранливи категории.Благоја Велковски се покажа како голем хуманитарец, секогаш подготвен преку најразлични видови на донации да им помага на оние на кои тоа им е најпотребно.Во текот на 2018 година г-н Благоја Велковски , во два наврати донираше по 3000 канадски долари кои ги намени за помош на малиот Илија Петков кој имаше потреба од скапа операција и за отпочнување на изградба на куќа за 12-членото семејство Алимови од с.Бистренци. Во тек се и преговори за други донации наменети за институции и граѓани на општина Демир Капија.Сметаме дека овој хуман човек преку својата добротворна работа се покажа како редок хуманитарец, кој заслужи да му оддадеме почит и признание.
Наградите и признанијата ке им бидат доделени на 7-ми Ноември по повод Денот на ослободувањето на Демир Капија на свечената седница која ќе се одржи во Кралската винарија Кралица Марија со почеток во 12 часот.