Се известуваат жителите на Општина Кавадарци дека од понеделник 25.03.2019 година се пушта во функција “пајак“ возилото на ЈП Паркинг- Кавадарци.
Ќе се интервенира на хаварисаните возила и ќе се врши транспорт до депото на Северен булевар.Исто така ќе се интервенира и на непрописно паркираните возила и возила паркирани во зелени површини.Се апелира до граѓаните прописно да ги паркираат своите возила на веќе обележаните паркинг места.
Оваа одлука важи се до започнувањето со работа на ЈП Паркинг – Кавадарци.За непрописно паркинатите возила ќе следуваат и казни од надлежните служби.
Кабинет на Градоначалник Mитко Јанчев