Пред средбата на ГФК Тиквеш со Брегалница во Штип:
Љупчо Димитковски :„ За ГФК Тиквеш нема лесни или тешки натпревари.За нас сите се важни и на секоја средба и приоѓаме со внимание и респект, но без психолошки притисок.За нас е важно да прикажеме квалитетната игра. Од Штип ке се вратиме непоразени .„
Ѓoрѓи Мојсов: „Во тимот сите сме важни, не само јас.Постигнав гол , претходното коло, да, ама за да се дадат важни голови, треба некој да те проигра , а во Тиквеш имам такви другари.Верувам дека од Штип ке се вратиме непоразени.„
Навивачката група „Лозари Исток„ и на ова средба ќе патуваат како подршка на трибините на стадионот во Штип.Тие организирано патуваат за да го бодрат ГФК Тиквеш 1930.