ЈП Комуналец со пост се обрати до граѓаните,а во контекс на актуелните градежни комунални активности на Општина Кавадарци, а со намера да потсети дека комуналниот отпад да се фрла во контејнери а не во канализацијата.
„Почитувани граѓани.
Градот се асфалтира. Се прават булевари и улици. Да не заборавиме дека под тие улици има водоводна и канализациона мрежа. Не би било добро да има дефекти и да се копа новиот веќе поставен асфалт поради вакви грешки и не чување на истите. Доколку имате ѓубре, фрлајте го во контејнерите што се на само неколку метри поставени од вашите домови а не во канализацијата.Ова е извадено од канализација во близина на Градскиот Зелен пазар. Ве замолуваме за свест, хигиена и култура. Да го зачуваме убаво Кавадарци.
Со почит
ЈП КомуналецКавадарци“