Во пресрет на завршната конференција на која ќе бидат презентирани резултатите, постигнати со активностите од проектот „Преку спорт до подобар соживот“ се одржа натпревар во атлетика. Целта на проектот е инклузија на лица со физичка попреченост во општествениот живот, преку заеднички спортски и рекреативни активности.
На натпреварот во атлетика кој се оддржа на 09.мај 2019 година учестуваа 8 лица со физичка попреченост и 8 лица без попреченост кои се натпреваруваа во три фрлачки дисциплини.
Наградени беа: Сашо Мошев, во дисциплина – фрлање ѓуле, Дарко Недев , во дисциплината фрлање диск, Мартин Димовски во дисциплината фрлање на копје.
Проектот го спроведува Сојузот за спорт и рекреација на инвалиди Кавадарци во соработка со Прогресс плус и Инфо Сега. Проектот е дел од Регионалната програма за Ликална демократија на Западен Балкан (ReLOaD) финансирана од Европската Унија (ЕУ) а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП).