Децата од Демир Капија, Корешница и Бистеренци заедно со својот тренер кој тренираат во ГФК Неготино го информираа Градоначалникот на Општина Демир Капија Лазар Петров , за успехот кој го постигнаа на турнир во фудбал во Општина Кочани каде помеѓу 40 тина екипи освоија 3 пехари.
Тие исто така му се заблагодарија за несебичната поддршка која им ја дава со тоа што им е обезбеден бесплатен превоз со автобус до теренот во село Корешница ,каде два пати неделно имаат тренинг.
Градоначалникот истакна дека се гордее со овој успех и дека цел е повторно да се активираат фудбалскиот клубови во Општина Демир Капија , а овие деца како идни фудбалери повторно да имаат успеси низ цела Македонија.
Воедно и упати апел до сите дечиња во Општина Демир Капија да бидат активни во спортот и посочи дека постои иницијатива од есен исто така да се почне со тренинзи и формирање на екипи (машки и женски) во ракомет.