Array
(
    [PHPRC] => /home/rtkadm/fcgi-bin/../etc/php7.2
    [PWD] => /home/rtkadm/fcgi-bin
    [PHP_FCGI_MAX_REQUESTS] => 99999
    [SHLVL] => 0
    [PATH] => /usr/local/sbin:/usr/local/bin:/usr/sbin:/usr/bin:/sbin:/bin:/snap/bin
    [CONTENT_LENGTH] => 0
    [HTTP_CONNECTION] => close
    [SCRIPT_NAME] => /preview.php
    [REQUEST_URI] => /preview.php?id=7593
    [QUERY_STRING] => id=7593
    [REQUEST_METHOD] => GET
    [SERVER_PROTOCOL] => HTTP/1.1
    [GATEWAY_INTERFACE] => CGI/1.1
    [REMOTE_PORT] => 3768
    [SCRIPT_FILENAME] => /home/rtkadm/public_html/preview.php
    [SERVER_ADMIN] => [no address given]
    [CONTEXT_DOCUMENT_ROOT] => /home/rtkadm/public_html
    [CONTEXT_PREFIX] => 
    [REQUEST_SCHEME] => http
    [DOCUMENT_ROOT] => /home/rtkadm/public_html
    [REMOTE_ADDR] => 3.135.206.19
    [SERVER_PORT] => 80
    [SERVER_ADDR] => 95.86.15.250
    [SERVER_NAME] => rtk.mk
    [SERVER_SOFTWARE] => Apache/2.4.29
    [SERVER_SIGNATURE] => 
    [HTTP_HOST] => rtk.mk
    [HTTP_ACCEPT_ENCODING] => gzip, br, zstd, deflate
    [HTTP_USER_AGENT] => Mozilla/5.0 AppleWebKit/537.36 (KHTML, like Gecko; compatible; ClaudeBot/1.0; +claudebot@anthropic.com)
    [HTTP_ACCEPT] => */*
    [SCRIPT_URI] => http://rtk.mk/preview.php
    [SCRIPT_URL] => /preview.php
    [FCGI_ROLE] => RESPONDER
    [PHP_SELF] => /preview.php
    [REQUEST_TIME_FLOAT] => 1735313220.9655
    [REQUEST_TIME] => 1735313220
)
Одржана седмата седница на совет на Општина Демир Капија


МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

На ден 15.04.2022 година советот на Општина Демир Капија ја одржа седмата по ред редовна седница. Седницата ја отвори и водеше претседавачот на советот Андон Крстевски. По разгледувањето и усвојувањето на записниците од петата и шестата одржана седница се премина на првата точка од дневниот ред на која беше донесена Одлука за отпочнување со работа и вршење на одделни услуги од својата дејност со формирање на група во други просторни услови, во определен простор "Развигорче" во с.Бистренци општина Демир Капија, на Јавната општинска установа за деца - Детска градинка БОРИС ТРАЈКОВСКИ Демир Капија.

По разгледувањето на втората точка од дневниот ред беше донесена Одлука за изменување и дополнување на одлуката за формирање Општински совет за социјална заштита. Во Одлуката за формирање Општински совет за социјална заштита бр.08-628/8 од 18.08.2020 година ("Службен гласник на Општина Демир Капија" бр.9/20) членот 3 се менува и гласи: "Општинскиот совет за социјална заштита е составен од претставници на општинската администрација, центарот за социјална работа, даватели на услуги, установи од областа на образованието, вработувањето и полицијата за подрачјето на Општина Демир Капија". Во член 4 зборовите: "11 (единаесет)" се заменуваат со зборовите: "7 (седум)". По членот 5 се додава нов член 6 кој гласи: "Членовите на ОССЗ за работата во ОССЗ имаат право на годишен паричен надоместок во износ од најмалку една просечна исплатена месечна нето-плата во Република Северна Македонија за претходната година, кој го определува градоначалникот со решение. Средствата за оваа намена се обезбедуваат од Буџетот на Општина Демир Капија". Членот 6 станува член 7. Потоа се премина на третата точка од дневниот ред на која беше усвоена Програмата за спроведување на општите мерки за заштита на населението од заразни болести во општина Демир Капија за 2022 година со која се утврдуваат општите мерки, целите, планираните активности, финансирањето и извршителите над спроведувањето на програмата.

Четвртата точка од дневниот ред по разгледувањето исто така беше усвоена, а се однесуваше на Програмата за заштита и благосостојба на животните-третман на бездомни кучиња, односно нерегистрирани и регистрирани кучиња, затекнати на јавни површини без присуство на сопственик за 2022 година. Програмата за заштита и благосостојба на животните–третман на бездомни кучиња, односно нерегистрирани и регистрирани кучиња, затекнати на јавни површини без присуство на сопственикот, е во согласност со член 28 од Законот за заштита и благосостојба на животните и обврските на општините кои произлегуваат од истиот.

За заштита на населението од опасности кои животните можат да ги предизвикаат, а посебно заради обезбедување на елементарна заштита и благосостојба на животните, општините се задолжени да применуваат мерки за заштита и третман на бездомни кучиња.

Постапките за третман на бездомни кучиња се дефинирани согласно закон, врз основ на кој општините изготвуваат годишна програма за работа, усогласена со предвидениот буџет за реализација на потребните активности.

Со самото склучување на договор општината ќе ја извести АХВ, со која фирма е склучен договор за набавка и користење на услуги за заловување и сместување на кучиња скитници и нерегистрирани кучиња во прифатилишта.

По разгледувањето на петата точка од дневниот ред беше усвоена Предлог-Програмата за изменување и дополнување на програмата за уредување на градежно земјиште на просторот на општина Демир Капија за 2022 година. Потоа се премина на шестата точка на која беше усвоена Програмата за измена и дополнување на програмата за изработка на урбанистички планови во општина Демир Капија за 2022 година.

Седмата точка од дневниот ред по разгледувањето исто така беше усвоена, а се однесуваше на донесување Решение за изменување на решението за именување на членови на Општински совет за социјална заштита. Во Решението за именување на членови на Општински совет за социјална заштита бр.08-628/12 од 18.08.2020 година ("Службен гласник на Општина Демир Капија" бр.9/20), во точка 1 зборовите "Менча Николова" се заменуваат со зборовите "Роска Ковацалиева" и зборовите "Зоран Димов" се заменуваат со зборовите "Наташа Манасковска".

Осмата точка од дневниот ред беше одложена за наредната седница. По разгледувањето на деветата точка од дневниот ред беше донесен Заклучок за усвојување на Годишен извештај за реализација на Програмата за развој на Вардарски плански регион за 2021 година донесен на седница на Советот за развој на Вардарски плански регион.

Десетата точка исто така беше усвоена, а се однесуваше на донесување Заклучок за усвојување на Извештај за финансиско работење на Центарот за развој на Вардарски плански регион за 2021 година донесен на седница на Советот за развој на Вардарски плански регион.

Седницата заврши со советнички прашања.

П.Пашоев