Соопштено денеска „Децата од сите предучилишни и училишни возрасти остануваат дома, а спортските натпревари ќе се играат без публика.Македонската влада дополнително се мобилизира во битката со коронавирусот, откако вчера бројката на заразени порасна на седум лица.
По препорака на Комисијата за заразни болести од утре се затвораат сите градинки, основни и средни училишта, како и високо образовни институции во земјата. За владината одлука, која ќе важи во следните 14 дена, денеска информираше министерот за здравство Венко Филипче.
Еден родител на дете до 10 години ќе има право да остане дома во следните 14 дена, и без разлика дали работи во јавна или приватна компанија, ќе добие платено отсуство.„