ЈПКД Росоман извршија чистење на споредна и главна канализациона линија во село Сирково каде е констатирано излевање од постоечката шахта. Во текот на вчерашниот ден се изврши приклучување на вода во реконструираниот објект Старо училиште. ЈПКД од Росоман апелира до граѓаните дека во паркот кај старото училиште неколку пати се врши намерно кршење и оштетување на вентилот и чешмата со што се губи вода за пиење во горната зона. Па замолуваме за поволема внимателност за да не би дошле во ситуација да извршат затворање на чешмата со штопна.
м.д.