По летниот распуст се врати детскиот џагор во училишниот двор.
"Започна новата учебна година и во ООУ “Пере Тошев”. На учениците им посакуваме многу успех, радост, дружења и се разбира многу нови научени работи, а на наставниците неброени работни успеси во остварување на мисијата да пренесат знаење и да воспитааат нови генерации здрави личности“-се вели во денешното обраќање од Кабинетот на градоначалникот Бранко Јанев и Советот на Општина Росоман по повод стартот на новата учебна година.Оваа година за прв пат на предлог на градоначалникот а со одлука на Советот на општина Росоман, за првачињата кои го започнаа својот образовен процес, од страна на првиот човек на Росоман , Бранко Јанев,им беше доделен училишен прибор.