Кавадаречкиот второлигаш ГФК ТИКВЕШ 1930 , како што соопшти на својот службен ФБ профил, ги ослободи од обврски стандардните порвотимци: Игески,Илиески и Ристовски, како и младиот Марио Илиевски.По ова се очекуваат неколку нови засилувања на кавадарчани. Во официјалното соопштение се вели; “На денешниот состанок помеѓу управата на клубот и фудбалерите,оддржан на Градскиот стадион ослободени се следните фудбалери- Александар Игески, Антонио Илиески и Марјан Ристовски. Клубот исто така го напушти и младиот репрезентативец Марио Илиевски на кој му завршува 6 месечната позајмица од екипата на ФК Септември од Р. Бугарија. Му се заблагодаруваме за досегашната соработка и му посакуваме успех во понатамошната кариера. Во следните денови очекуваме потврда од неколку Прволигашки играчи. Со почит, ГФК Тиквеш 1930 Кавадарци„.
м.д.