ДУРИ 5 ЕКИПИ НА ВРВОТ НА ТАБЕЛАТА ВО ТРЕТАТА ЛИГА ЈУГ СО ПО 18 БОДОВИ
Во рамките на 9 коло од третата МФЛ група југ фаворитите постигнаа очекувани резултати а единствено киксна екипата на „Дојранско Езеро“ која загуби нагости од екипата на „Младост 1930“ со резултат 2:1.Екипата на „Тим Локомотива“ од Градско ја оправда фаворитската улога па од гостувањето во Башино Село се врати со 3 бода совладувајки го домакинот „Илинден“ со убедливи 0:5. Два гола постигна Ќазимов а по еднаш во листата на стрелци се запишаа Иванов, Усеинов и Шабанов. И „Превалец“ како фаворит со 2:6 го декласираше „Динамо“. Екипата на „Марена“ забележа нов пораз на домашен терен од екипата на „Ново Црнилиште“ со 0:3 Комшиите од Неготино, екипата на „Вардар“ на домашен терен со 3:0 беше убедлива против „Питу Гули“ од Крушево, а уште еден фаворит екипата на „Напредок“ од Крушеани очекувано убедливо нагости го совлада „Големо Коњари со 2:6. Екипата на „Братство“ ремизираше на домашен терен со екипата на „Младост“ од Удово играјки без голови 0:0. На табелата за првото место во Третата лига - Југ ке се води голема борба бидејки дури 5 екипи досега собраа идентичен број на бодови 18. „Тим Локомотива“ е прва со најдобра гол разлика а ист број на бодови имаат и „Превалец“, „Напредок“ Крушеани, „Ново Црнилиште“ и „Дојранско Езеро“. Во недела во рамките на 10 коло во Градско треба да се одигра мошне интересен натпревар,комшиската пресметка помеѓу „Тим Локомотива“ и „Вардар“ од Неготино.
м.в.