(Видео) ПРЕС СДСМ Кавадарци / Богев :„Сите партиски активности ги прилагодуваме на новите околности“
Претседателот на ЛК на СДСМ Кавадарци Павле Богев одржа прес конференција на која говореше за начинот на одржувањето на изборната кампања на СДСМ во Кавадарци
Интегрален текст
„Почитувани медиуми Почитувани сограѓаниЗа целиот период од пандемијата со коронавирусот, СДСМ своето делување го стави во заштита на здравјето на граѓаните.За нас, здравјето и благосостојбата на граѓаните се врвни приоритети од кои не отстапуваме. Затоа, сите партиски активности ги прилагодуваме на новите околности со цел да го заштитиме јавното здравје. За претстојната кампања која почнува утре, СДСМ подготви здравствени протоколи кои ќе гарантираат безбедна кампања за здравјето на граѓаните.Секој присутн на јавен настан или состанок организиран од СДСМ мора да носат заштитна маска, да одржуваат растојание од 2 метри. Групирањето е забрането, а бројот на присутни на јавни настани и средби ќе биде со строга контрола, со најмногу 50 лица на јавна локација и 30 во затворен простор, со задолжителна физичка дистанца.Ќе водиме кампањата ќе биде без митинзи и без активности од „врата до врата“.На овој начин го штитиме здравјето на граѓaните, а нашата изборна понуда ќе им ја доближиме на граѓаните преку онлајн и дигиталните алатки и начини на комуникација.Додека СДСМ фунцкионира во заштита на здравјето на сите граѓани, ВМРО-ДПМНЕ и Хриситјан Мицкоски свесно и намерно ги кршат сите протоколи и мерки за заштита.Тоа се Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Напладне глумат загриженост за јавното здравје, а попладне истото го загрозуваат со кршење на мерките и забраните. Ова е јасна разлика помеѓу вистинска грижа за здравјето на граѓаните од страна на СДСМ и свесно загрозување на јавното здравје од страна на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски. Таа разлика ќе се види и во кампањата.Таа разлика ќе се види и на денот на изборите, кога граѓаните ќе го казнат неодговорното, незрезело и опасно однесување на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.„
„