МОЖАТ ЛИ ДВАТА НАШИ ВТОРОЛИГАШИ ДА НЕ ЗАРАДУВААТ СО ПОЗИТИВНИ РЕЗУЛТАТИ ?
По репрезентативната пауза продолжуваат возбудувањата во македонскиот фудбал. Утре на програмата се средбите од третото коло во двете втори фудбалски лиги. „Росоман“ на домашен терен ке го пречека тимот на „Кит Го“ од Пехчево откако во првото коло дома ја победи „Слога“ од Виница а во второто загуби на гости кај прилепска „Победа“. Екипата на „Кит Го“ во првото коло загуби на гости кај „Победа“ а дома одигра нерешено со „Осогово“.Натпреварот е важен за двете екипи па значи дека можеме да очекуваме убава фудбалска претстава и да се надеваме дека росоманчани ке најдат начин да прокнижат нови бодови. Екипата на „Тиквеш„ во ова коло ке патува во Кочани на мегдан со „Осогово“. Кочанчани во првото коло беа поразени од „Кожув“ па му украдоа бод на „Кит Го“. Додека „Тиквеш“ во првото коло забележа гостинска победа во Радовиш па неочекувано би рекле „киксна„ дома со „Кожув“. Доколку кавадарчани сакаат да се обидат годинава да стигнат до највисок пласман едноставно од Кочани мора да се вратат со позитивен резултат бидејки „Брегалница“ и „Победа“ како лидери на табелата сеуште се без пораз.
ВТОРА ЛИГА ЗАПАД - 3. коло
ГОСТИВАР - КОРАБИ ВЕЛЕШТА
- ЛАБУНИШТА ДРИТА - ОХРИД ЛИХНИДОС СКОПЈЕ
- КАДИНО ВЕЛАЗЕРИМИ 77 - ВАРДАР с.Форино
ВТОРА ЛИГА ИСТОК - 3 коло
КАМЕНИЦА САСА - ПОБЕДА
АД ПЛАЧКОВИЦА - СЛОГА 1934
КОЖУФ ГЕВГЕЛИЈА - БРЕГАЛНИЦА 2008
РОСОМАН-83 - КИТ ГО ПЕХЧЕВО
ОСОГОВО - ГФК ТИКВЕШ 1930
м.в.