фото архива :Ристе Стамаџиев
КАВАДАРЧАНИ СО МАКСИМАЛЕН ЕФЕКТ НА ГОСТИНСКИ ТЕРЕН СЕЗОНАВА
„Тиквеш“ ја продолжува непобедливоста на гостински терен откако денес во Виница ја совлада „Слога“ со резултат 1-3 (1-1). Ова беше четврта гостинска победа за Кавадарчани во исто толку натпревари. Домашните први поведоа со голот на Пановски од пенал. Од овој момент „Тиквеш“ заигра многу посериозно и до крајот на првиот дел успае да израмни со голот на Симе Христов. Во вториот дел „Тиквеш„ не дозволи домашните да помислат на изненадување и со головите на Мишов и Гроздановски забележа убедлива победа од 1-3. На овој начин кавадаречките фудбалери останаа лидери на табелата продолжувајки ја трката за врвот со штипска „Брегалница“.
м.в.
Видео преземено од tv.ffm.mk
 
 

 
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			  .jpg) 
			  .png) 
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
 
                         
  
  
  
  
  
 
 
 
					 
 
					 
 
					 
 
					 
					   
					   
					   
					   
					  
                        
                       
					  
                        
                      