БЕЗ ПРОМЕНИ НА ВРВОТ СО ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ ВО 21 КОЛО - РАЗЛИКАТА МЕЃУ ТИКВЕШ И БРЕГАЛНИЦА ОСТАНА 7 БОДА
Денеска на градскиот стадион во Кавадарци во рамките на 21 коло од втората МФЛ група исток се сретнаа екипите на ГФК Тиквеш и Плачковица. Веке во 7 мин Едис Спахиу со прекрасен удар со глава го отвори резултатот. Во 19 мин Ристе Темелков зголеми на 2:0. Во 27 мин гостите искористија една лошо поставена офсајд стапица и намалија на 2:1 преку Јошевски. Во третата мин од судиското продолжение Конзулов играше со рака во својот шеснаесетник, судијата покажа на белата точка а Ѓорѓи Мојсов рутински зголеми на 3:1. Во 59 мин само што влезе во игра и во првиот контакт со топката Петар Љамчевски го искористи одличниот центаршут на неговиот брат Благоја и ги постави конечните 4:1. Победата можеше да биде и поубедлива доколку Спахиу, Петар Љамчевски и пред се Симе Христов ги искористеа сите можности. Тиквеш и натаму е втор на табелата со 7 бода заостанување зад Брегалница која денес со 3:1 ја совлада Победа
М.В.
1 ПОЛУВРЕМЕ......https://www.facebook.com/rtkavadarci/videos/201939661356716
2 ПОЛУВРЕМЕ .....https://www.facebook.com/rtkavadarci/videos/867960927317117