ВО 21 КОЛО ОД ВТОРАТА ЛИГА ИСТОК СЕ ОЧЕКУВА ДОМИНАЦИЈА НА ДОМАШНИТЕ ЕКИПИ
По паузата заради репрезентативните обврски второлигашите продолжуваат таму каде што застанаа. Во сабота од 15 час се игра редовното 21 коло. Тиквеш е апсолутен фаворит на домашен терен против Плачковица. И Брегалница во Штип не би требало да има проблеми со прилепска Победа. Кит Го не би требало да има потешкотии во Пехчево во дуелот со Росоман. Домашните екипи се фаворити и во останатите две средби во кои Саса ја пречекува Слога и Кожув кој во Гевгелија ке игра со Осогово. Директен пренос од средбта Тиквеш - Плачковица стандардно само на РТК.МК
М.В.