Array
(
    [PHPRC] => /home/rtkadm/fcgi-bin/../etc/php7.2
    [PWD] => /home/rtkadm/fcgi-bin
    [PHP_FCGI_MAX_REQUESTS] => 99999
    [SHLVL] => 0
    [PATH] => /usr/local/sbin:/usr/local/bin:/usr/sbin:/usr/bin:/sbin:/bin:/snap/bin
    [CONTENT_LENGTH] => 0
    [HTTP_CONNECTION] => close
    [SCRIPT_NAME] => /preview.php
    [REQUEST_URI] => /preview.php?id=7295
    [QUERY_STRING] => id=7295
    [REQUEST_METHOD] => GET
    [SERVER_PROTOCOL] => HTTP/1.1
    [GATEWAY_INTERFACE] => CGI/1.1
    [REMOTE_PORT] => 58938
    [SCRIPT_FILENAME] => /home/rtkadm/public_html/preview.php
    [SERVER_ADMIN] => [no address given]
    [CONTEXT_DOCUMENT_ROOT] => /home/rtkadm/public_html
    [CONTEXT_PREFIX] => 
    [REQUEST_SCHEME] => http
    [DOCUMENT_ROOT] => /home/rtkadm/public_html
    [REMOTE_ADDR] => 3.143.1.253
    [SERVER_PORT] => 80
    [SERVER_ADDR] => 95.86.15.250
    [SERVER_NAME] => rtk.mk
    [SERVER_SOFTWARE] => Apache/2.4.29
    [SERVER_SIGNATURE] => 
    [HTTP_HOST] => rtk.mk
    [HTTP_ACCEPT_ENCODING] => gzip, br, zstd, deflate
    [HTTP_USER_AGENT] => Mozilla/5.0 AppleWebKit/537.36 (KHTML, like Gecko; compatible; ClaudeBot/1.0; +claudebot@anthropic.com)
    [HTTP_ACCEPT] => */*
    [SCRIPT_URI] => http://rtk.mk/preview.php
    [SCRIPT_URL] => /preview.php
    [FCGI_ROLE] => RESPONDER
    [PHP_SELF] => /preview.php
    [REQUEST_TIME_FLOAT] => 1734799359.1342
    [REQUEST_TIME] => 1734799359
)
Инклузивно игралиште во дворот на ООУ. „Љубен Лапе“ во рамки на  проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“


МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Инклузивно игралиште во дворот на ООУ. „Љубен Лапе“ во рамки на проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“

–Од денес учениците од основното училиште „Љубен Лапе“ во општина Аеродром ќе може да спортуваат, да играат и да другаруваат на новото инклузивно и пристапно игралиште сместено во дворот на училиштето.

Ова е осмо инклузивно игралиште, како дел од проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ финансиран од Европската Унија. Овој проект веќе 16 месеци успешно работи во насока на суштинско вклучување на учениците со попреченост во редовните основни училишта.

„Образованието им помага на децата да прераснат во возрасни кои знаат да се справат со предизвиците во нивниот приватен и социјален живот. Образованието им помага на децата да разберат дека индивидуалноста значи различност и дека сите поединци, колку и да се различни, имаат исти права и ги збогатуваат нашите општества. Целосното вклучување на децата со попреченост во редовниот училишен систем не е лесна задача, ниту во земјите на ЕУ. Резултатите варираат, исто така поради различните национални дефиниции за посебни потреби и различните традиции на училишниот систем. Сепак, политиката на ЕУ за ова е јасна: мора да се оддалечиме од сегрегираното специјално образование. Попреченоста е прашање на права, а не прашање на дискреција.“ посочи г-н Стефан Ходулин од канцеларијата на ЕУ во земјава.

Оваа инклузивно игралиште во основното училиште „Љубен Лапе “ во кое се образуваат повеќе од 1100 ученици е од огромна важност за Општина Аеродром.

„ Инклузивните игралишта нудат стимулација на учениците со попреченост и нивна вклученост во играта, она што во суштина е најзначајно за децата. Со задоволство го ставаме во употреба ова игралиште и со него ја унапредуваме инклузивноста во училиштето и пристапноста на образовните програми до сите ученици, но и на општината. Многу е важно децата со посебни потреби да имаат еднакви можности за образование, спортување, учење и другарување со сите останати ученици.“ – изјави градоначалникот на Аеродром, г-н Тимчо Муцунски.

Проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ има за цел да им помогне на училиштата каде учат учениците со попреченост - стипендисти на Проектот да ја подобрат својата инклузивност и пристапност. Со создавање на пристапни и стимулативни средини за учење, како и високо квалитетна прилагодена настава за учениците, училиштата опфатени со проектот стануваат места со еднакви можности за образование на децата, вклучувајќи ги и оние со физичка, сетилна и интелектуална попреченост.

„Во текот на овие 16 месеци спроведување на проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“, кој е финансиран од Европската Унија, доделени се стипендии на 471 ученици во почетните одделенија, се спроведе обука за повеќе од 280 претставници од училиштата, опремивме осум инклузивни игралишта, пет сензорни соби, една сензорна градина и доделена е асистивна технологија во четири училишта. Веруваме дека со овие активности навистина ја менуваме сликата за инклузивното образование во земјава и придонесуваме кон еднаквост во образованието, но и градење инклузивно општество за сите.“, рече Елена Мишиќ од Фондацијата „Чекор по чекор“.

Проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ го реализира Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ заедно со своите партнери Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ и Здружението за давање услуги на лицата со попреченост „Хендимак“. Проектот се реализира во соработка со Министерството за образование и наука.