Денесkа започна поврзувањето на водоводната линија од средна и ниска зона кое ќе биде завршено во наредните два дена. Инаку, при крај е и изградбата на петтата централа за производство на електрична енергија кај старите резервоари над селото Ваташа, инвестиција на ЈП Комуналец, која се очекува за краток период не само да ги врати вложените инвестиции, туку со самото производство на електрична енергија да ја подобри и состојбата на услугите кон граѓаните. Изведувач на работите е Градба Промет!
енергија да ја подобри и состојбата на услугите кон граѓаните. Изведувач на работите е Градба Промет!