Едноставно добри...Најдобри.
Кога два часа гледате, ве исполнува оптимизам.Во темнината на салата,сами сте, или слушате само смеа, реплики,аплаузи.И тоа трае, а Вам не ви е досадно.Напротив очекувате ново дејство на сцената , нов преизвик за вашите сетила.
„НЕ СЕГА ДРАГА„- ВИ ОВОЗЖМОЖУВА, да се почувствувате како да сте во театар ама вистински, со престава по мерка, публика, атмосфера, добри актери, и два часа исполнети со театарско уживање.
Претеставата ја следевме во четвртокот а нова реприза е закажана за сабота.
“Не сега драга“, кавадаречкиот театар ја реализира според текст на Реј Куни, а во режија на Диме Боцев.Играат: Диме Коцевски, Магдалена Атанасова, Видан Станоев, Надица Анѓелкова, Александар Малинков, Александар Видиков, Сијче Трајкова, Диме Боцев и Сашко Орешков.Музика/светло - Пепи Ангелов, костимограф - Сара Милевска, суфлери - Благица Илиева и Кристина Јованова Сценска поддршка е на Диме Темков и тим на Дом на култура Кавадарци.Претставата “Не сега драга“ е комедија на забуни, ситуации и интересни ликови.и е за публика над 16 години.
Прекрасно изведена комедија во која сите ликови беа на висината на својата задача и повеќе од тоа.Осебено силен беше , бриљираше на сцената ликот на Ѓоре Пиже кој го игра Видан Станоев.Тој во ова претстава видно напредува во својата актерска креација и владее со сцената и тексуално и сценски, и повеќе од тоа. Но одличен впечаток оставија Диме Коцевски кој пратеничката улога ја одигра стандардно одлично со сите перипетии , Диме Боцев како келнер во ова престава е и режисер, ги поделил улогите според можностите кои ги имал, и го разиграл дејството на преставата –да биде комедија а не чисто еротска приказна., која ако не се внуимава може да забега..Директорот на хотелот кој го игра Александар Малинков и даваше цврстина и сигурност која овој прекален актер знае да го покаже на сцената а младите актери се вклопија во своите улоги таман толку колку замислил режисерот.
СЕ на СЕ со сите потребни елементи од сценографија, костимоиграфија, светло, музика -,, НЕ СЕГА ДРАГА,, во режија на Диме Боцев задолжително да ја погледате, нема да зажалите.
Резенција на РТК
М.д.