РОСОМАН МЕЃУ ПРВИТЕ ОПШТИНИ КОИ КЕ ДОБИЈАТ ОБЕШТЕТУВАЊЕ ОД ИЗМРЗНУВАЊЕ ЗА 2021.Овоштарите ке бидат први кај кои ке се врши авансно исплаќање на субвенциите за тековната година.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски во придружба на градоначалникот на Росоман Стојан Николов имаше работна средба со земјоделците од росоманскиот крај на плантажите на „Душан Ќириќ“. Во придружба беше и поранешниот министер Трајан Димковски како и директрот на државниот инспекторат за земјоделство Зоран Шапуриќ. Министерот Николовски истакна дека имале многу работа пред се да вратат стар долг од 350 милиони евра, долг кој го создала некоја друга гарнитура и напомена дека Росоман е една од петте општини кои први ке ги добијат средствата за обештетување од измрзнување за 2021. Станува збор за 729 баратели кои ке добијат околу 33 милиони денари. Оваа раководство во Министерството за земјоделие во услови на светска економска криза, војни и затворени граници ке реализира пилот програма за авансно плаќање на субвенциите. Овоштарите ке бидат први годинава кои ке добијат 30 % авансна исплата на субвенциите за тековната година. Министерот со својот тим ги сослуша проблемите, предлозите и сугестиите од земјоделците.Потоа тимот од министерството во Росоман каде имаше разговори со откупувачите на праски околу пласманот на истите во услови на војна и затворени граници како и за изнаоѓањето на алтернативни пазари за пласман на истите.
М.В.