Неготинчани ке играат бараж за втората лига против Караорман, Овче Поле или Арсими
Екипата на Вардар од Неготино и официјално ја освои шампионската титула во ТМФЛ. Ова се случи откако неготинчани славеа на гостувањето во Прилеп против екипата на Динамо со 0-4 во рамките на претпоследното 25 коло. Лидерот на табелата на коло пред крајот ја задржа предноста од 5 бода пред второпласираниот тим на Превалец кој исто така славеше на гостувањето кај фенерџијата Возарци со 1-6. Оваа средба не го дочека својот крај бидејки возарчани останаа со помалку од 7 играчи на теренот. И Росоман забележа гостинска победа и тоа во дербито кај Големо Коњари со 0-4 и така остана на третото место. Питу Гули славеше во Кривогаштани кај Младост со 0-1. Ново Црнилиште службено со 3-0 го совлада Обршани бидејки гостите не допатуваа а Слога во Лажани загуби од Бучин со 3-4. Во ова коло слободен беше тимот на Марена. За противник во баражот за втората лига шампионот Вардар од Неготино ке добие еден од останатите третолигашки шампиони а тоа се екипите на Караорман, Овче Поле или Арсими
М.В.
 
 

 
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			  .jpg) 
			  .png) 
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
 
                         
  
  
  
  
  
 
 
 
					 
 
					 
 
					 
 
					 
					   
					   
					   
					   
					  
                        
                       
					  
                        
                      