фото/ Архива...
Четириесет и едногодишниот С.И., жител на велешкото село Бузалково, бил тешко повреден во сообраќајката која вчера попладне се случила кај Росоман. Ова денеска го потврди Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
-Сообраќајната незгода се случила на магистралниот пат Градско - Прилеп, помеѓу патнички автомобил марка “пежо”со француски регистарски броеви управуван од А.Б.(25) и патнички автомобил марка „фолксфаген голф”, со велешки регистарски броеви и управуван од жителот на Бузалково. Тешко повредениот бил пренесен и задржан на лекување во ЈЗУ Општа болница - Кавадарци, појасни Додевски.Увид на местото на настанот изврши екипа од ПС ОН Кавадарци.