Пред советниците се најдоа годишните сметки на основното училиште, градинката како и буџетската годишна сметка
Советот на општина Росоман денеска ја одржа редовната 8 седница. Советниците го проширија дневниот ред со советничките прашања . Комисијата за финансии и буџет поднесе извештај. Со 5 гласа за и 4 воздржани помина годишната сметка на општинскиот буџет, а еднодласно беа усвоени годишните сметки на ОУ „Пере Тошев“ и детската градинка “Праскичка“. Потоа извештај поднесе и Комисијата за урбанизам,комунални дејности и заштита на животната средина и природата по предлогот за дополнување на програмата за изработка на урбанистички планови и локална урбанистичка планска документација за Општина Росоман за 2022 врз основа на поднесени иницијатови од правни и физички лица. Имаше вкупно 4 иницијативи од кои две поминаа една беше пролонгирана за следната седница а една одбиена.
Градоначалникот Стојан Николов одговори и на неколку советнички прашања
М.В.