Уличната мрежа е асфалтирана или покриена со бахатон коцки

Општина Росоман завршува со реализација на програмата за Изградба и реконструкција на улици за 2018 година со асфалтирање на крак од улицата „Цандо Кузманов“ во должина од 170 метри. Оваа година општина Росоман релизираше изградба на 8 улици со бехатон коцки и тоа 2 улици во село Трстеник,2 улици Сирково, две во село Дебриште, по една улица во Росоман и во с.Манастирец.

Општина Росоман со Бирото за регионален развој има потпишано договор за изработка на техничка документација за изградба на улици во должина од 2.500 метри со што во иднина општината ќе има документација за аплицирање на проекти со што ќе се обезбеди подобрување на условите за живот на жителите на општина Росоман.