МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

„На 06.01.2019 година во 23,00 часот во Полициската станица Кавадарци А.В. (38) од село Росоман пријавил дека истиот ден, околу 18,00 часот бил повикан од С.К. од Скопје да дојде во неговата викендичка во Росоман за да расчистат меѓусебни должничко- доверителски односи. Кога стигнал таму, заедно со С.К. било уште едно лице од Скопје, негов пријател. Пред да му ги даде парите С.К., според пријавителот, го повикал и Б.П. од Росоман, кој откако дошол веднаш почнал да се расправа со пријавителот и физички го нападнал. Во моментот кога пријавителот го напуштил објектот, според него, С.К. испукал два пати со пиштол, но никој не бил погоден. На А.В. му е укажана лекарска помош во Општата болница Кавадарци и е пуштен на домашно лекување. С.К. е приведен во полициска станица и се работи на целосно расчистување на случајот.“-Наведено е во Билтенот н МВР.