МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Росоманчани продолжуваат со одигрување на контролни натпревари во пресрет на стартот на новата сезона. Вчера на гостински терен тие беа поразени од екипата на „Каменица Саса“ во натпревар кој изобилуваше со голови. Домакинот поведе со голот на Џонов во 42 мин исако претходно и двете екипи имаа шанси да ја затресат противничката мрежа. На стартот на вториот дел „Росоман“ со голот на Сашко Дуков во 49 мин израмни на 1-1.Домашните притиснаа и со головите на Божинов и Трајчевски во 57 и 66 мин. поведоа со 3-1. Росоман не се предаваше па со головите на Слободан Дуков и Борче Димовски во 72 и 76 мин. успеа да израмни на 3-3.Но во самиот финиш попушти концентрацијата на Росоманци па „Саса„ со голот на Џурџу во 83 сепакдојде до победата на оваа средба. Одличен натпревара а тренерскиот тандем Костова-Глигоров е особено задоволен од ефикасноста на напаѓачите

М.В.