МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Пред советниците ке се најде предлогот за меѓуопштинска соработка помеѓу општините Росоман и Кавадарци

Утре, петок од 14 часот, Советот на Општина Росоман ке ја одржи редовната 11 седница со вкупно 6 точки засега на дневниот ред. Веднаш на почетокот советниците ке треба да се изјаснат по предлогот за меѓуопштинска соработка помеѓу општините Росоман и Кавадарци. Потоа ке се разгледаат годишниот план за вработување и годишниот извештај за работа на ЈОУДГ „Праскичка„. Четврта точка е понудата за соработка на Црвениот Крст на РСМ ОО Кавадарци. Петта точка е предлогот за дополнување на програмата за изработка на УП и ЛУПД во Општина Росоман а врз основа на поднесени барања од правни и физички лица. Како последна точка советниците ке разгледуваат и барања за финансиска помош од правни и физички лица.

М.В.