МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Значајна победа на ГФК Тиквеш 130 .На Градскиот стадион во Кавадарци поразена екипата на Влазерими со 2:0

Средбата беше динамична, борбена од двете страни, со по некоја зрела шанса за Влазерими, но бележиме и неколку 100-постотни прилики за лигашот од Кавадарци.Погледајте неколку шанси од двете страни.

Најзаслужен за победата со која Тиквеш се израмни со бројот на бодови со Тетекс, и е на само бод негатива од Вардар Неготино, односно два од денешниот противник, тимот на Велазерими е Мартин Никовиќ, кој на два пати стрелаше прецизно и му донесе голема победа на својот тим. Првиот гол со кој го скрши отпорот на гостите од Кичево Никовиќ го постигна во 67-та минута, за 12 минути подоцна со својот втор гол и да ја завери победата.

Во следното коло кавадаречките фудбалери му гостуваат на тимот на Тетекс, во дербито на самото дно на првенствената табела.Видео , шанси и голови на средбата: