МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

БЛАМАЖИ И НЕПРАВДИ КОЛКУ САКАШ А ЗА ЖАЛ ВИНОВНИЦИ И КАЗНИ НЕМА

Чашата е преполна и почнува да прелива. Македонските фудбалски судии се ставени над сите закони и сите правила на фудбалската игра и едноставно мислат дека само тие го разбираат фудбалот и фудбалските правила и дека тие се секогаш во право. Не постои судија во нашата држава кој по еден натпревар ке излезе јавно да рече „Згрешив - простете , се извинувам за превидот и сл.“

А судиската организација наместо да креира максимална доверба кај клубовите и играчите си ги брани своите. Можеби е време во ФФМ да почне да се размислува како да се заштитат клубовите и играчите од самобендисаноста и незнаењето на поедини фудбалски судии. Недосудени пенали, досудени сомнителни пенали, картони - жолти и црвени, поништени голови и одбрани - нема крај на судијските бламажи и неправди. А за дивно чудо никој не е казнет за ваквите пропусти. Ке рече некој нека ја прегледаат снимката. Па и тие што би ја прегледале се судии и нормално си ги бранат своите. Цел регион, цела спортска јавност бруи за и повеке од смешниот пенал досуден за домакините на средбата „Слога“ - „Тиквеш“. И ајде ако главниот судија не е во можност да види убаво се прашуваме каде е помошникот кој би требало да биде во линија со местото на настанот. Написите по медиумите велат дека сите ни се смеат за овој пенал и дека такво нешто го има и може да се случи само во Македонија.Нешто слично се случи и на средбата со Брегалница кога Штипјани го „наместија“ судијата да свирне непостоечки пенал за нив. Нема да одиме подалеку и ке останеме во комшилукот.

Последните неправди на средбата „Росоман“-„Кожув“. Ако на снимката го погледнете гостинскиот фудбалер во бел дрес со број 20 ке забележите дека и од хеликоптер се гледа дека е неколку метри во офсајд но така не мислат судиите. Помошникот кој прв треба да реагира повторно го нема никаде. Во продолжение на акцијата старт на Темков на топка кој ја избива накај својот голман а гостинскиот фудбалер тој истиот со број 20, пага покосен како да згазил на нагазна мина со болен крик а главниот судија наседна на оваа стара финта и покажува директен црвен картон. Би можеле да споменеме уште два недосудени пенали за домашните и низа пропусти повторно на штета на домакините. И ова е само од малечката Тиквешија а каде се останатите делови од нашата прекрасна земја во која само фудбалските судии секогаш се во право (секоја чест на исклучоците). Се извинувам - ако згрешив .

м.в.

Презмено од gol.mk

Реакција на фудбалерите на ФК Росоман 83

3444444444444444444444

https://www.facebook.com/fkrosoman83/videos/464566704433816-