МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

ФК. MAРЕНА ГО ПОБЕДИ „ПУТУ ГУЛИ„ СО 5:1,ЛОКОМОТИВА ОД ГРАДСКО И НАТАМУ НАЈДОБРО ПЛАСИРАНА ЕКИПА ОД НАШИОТ РЕГИОН. А ВАРДАР ОД НЕГОТИНО ГО ПОБЕДИ НАПРЕДОК СО 2 : 1.

Во рамките на 7 коло од третата МФЛ група југ победи забележаа сите екипи кои гравитираат во нашиот регион. Екипата на „Локомотива“ од Градско го декласираше тимот на „Ново Црнилиште“ со убедливи 6-1. Со головите на Усеинов во 14 и 37 мин, потоа на Ќазимов во 23 и 57, па на Иванов од пенал во 57 и на Кимов во 69 екипата од Градско водеше со убедливи 6-0 а за гостите почесниот гол го постигна Ибраимоски во 72 мин. И екипата на „Марена“ забележа убедлива победа од 5-1 против екипата на „Питу Гули“. „Марена“ поведе со голот на Јовановски во 7 мин. но во 53 мин. Велиоски израмни на 1-1. Следуваа два гола на Темков во 57 и 70 како и два гола на Нацев во 78 и 90 мин за убедлива победа од 5-1. Тешка но многу важна победа забележа и екипата на „Вардар“ од Неготино која му го нанесе првиот пораз на тимот на „Напредок“ од Крушеани со 2-1. Неготинчани поведоа во 39 мин со голот на Симоноски а израмни Јанкоски во 54 мин. Трите бода на „Вардар“ им ги донесе Божиноски во 90 мин. Во останатите средби „Обршани“ го совлада тимот на „Младост“ Удово со 6-0. „Големо Коњари“ загуби на домашен терен од „Дојранско Езеро“ со 2-4. „Братство“ го победи „Превалец“ со 4-2 а екипата на „Младост 1930“ славеше со 2-1 против „Динамо“. Екипата на „Илинден“ беше слободна бидејки требаше да игра со „Габер“.

1 „Напредок“ 6 5 0 1 17 - 3 17 15

2 „Дојранско Езеро“ 7 5 0 2 16 - 9 15

3 „Братство“ 7 4 2 1 22 - 10 14

4 „Обршани“ 7 4 2 1 16 - 7 14

5 “Превалец“ 7 4 0 3 23 - 11 12

6 „Локомотива“ 6 4 0 2 15 - 5 12

7 „Ново Црнилиште“ 6 4 0 2 16 - 13 12

8 „Вардар“ (Н) 7 3 1 3 14 - 10 10

9 „Младост 1930“ 7 3 1 3 13 - 18 10

10 „Динамо“ 7 3 0 4 13 - 20 9

11 „Младост“ (У) 6 2 1 3 10 - 16 7

12 „Марена“ 6 2 0 4 14 - 19 6

13 „Илинден“ (БС) 6 1 1 4 6 - 22 4

14 „Питу Гули“ 6 1 0 5 5 - 15 3

15 „Големо Коњари“ 7 0 0 7 4 - 26 0

16 „Габер“

напомена : Во табелата екипите кои имаат по 6 одиграни средби веке играле или требале да играат со „Габер“ но бодови не им се сметаат.

м.в.