МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Нашите интернационални фудбалери практикуваат да донираат помош за разни химанитарни цели

Иако повеќе од 10 години својата фудбалска кариера ја гради надвор од Кавадарци и Македонија, Даниел Мојсов не заборава од каде потекнува и каде ги направи своите први фудбалски чекори. Репрезентативниот стопер ја искористи кратката пауза и посетата на својот роден град за да во пресрет на почетокот на втората македонска фудбалска лига - исток на својот матичен клуб, градскиот фудбалски клуб Тиквеш да му донира спортска опрема.

Се работи за 20 репрезентативни маици кои што ќе го унифицираат изгледот на фудбалерите пред секој натпревар, 25 маици за тренирање и 15 маркери. Целата опрема која Мојсов ја донесе од Кипар е од данскиот спортски бренд Хумел.

Ова не е прв пат кавадаречките фудбалери да го помагаат градскиот фудбалски клуб Тиквеш, но и заедницата. За потсетување, комплетна фудбалска опрема за кавадаречкиот клуб пред неколку години донираше и Ванче Шиков, а браќата Даниел и Ѓорѓи Мојсови често знаат да ги посетат и штитениците од центрите за деца со посебни потреби.