МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

ФУДБАЛЕРИТЕ НА„ЉУБАНЦИ„ СРЕДБАТА СО ЕУРОМИЛК КАКО ДОМАКИНИ НАМЕСТО ВО КАВАДАРЦИ КЕ ЈА ИГРААТ ВО ГЕВГЕЛИЈА

Редовната средба од четвртото коло кавадаречкиот второлигаш ФК„Љубанци“ ке ја игра во Гевгелија.Ова дознаваме неофицијално го соопштила ФФМ со оглед на нисполнувањето на главниот услов, на една од трибнинте да има поставено најмалку 300 столици за седење.Поради ова и теренот во Кавадарци е суспендиран.

Со тоа најверојатно натпреварот од 4 коло во втората МФЛ меѓу„ Љубанци“ од Кавадарци и Еуромилк од Горно Лисиче заради суспензија на теренот ќе се одигра на теренот во Гевгелија.

Да потсетиме нашиот клуб со прифаќањето да игра во Втората лига сезонава под име „Љубанци„ ги прифати и обврскитеи од инфраструктурен карактер. Неисполнувањето на ветеното за жал ги оддалечува домнашните љубители на фудбалот од можноста да гледаат фудбал на Градскиот стадион.

Да потсетиме треба да се санира урнатиот ограден зид. Оваа постапка е започната и во фаза е тендерирање за избор на најдобар понудувач кој би ја завршил оваа постапка и би го средил комплетниот зид на сите места каде е разурнат или постои можност од уривање.Но дотогаш ке бидеме домнаќини на други стадиони!...