Следува пауза од 2 недели во првенството заради репрезентативни обврски
Поради подготовките и натпреварите на македонската фудбалска репрезентација против Грузија во Тбилиси на 23 септември и против Бугарија во Скопје на 26 септември од групата во Лигата на нациите, фудбалските прволигаши средбите од 8 коло ги одиграа во саботата. Екипата на ГФК Тиквеш имаше тешко гостување кај непоразениот лидер екипата на Струга ТЛ. Откако прими гол мошне рано во 9 мин. Тиквеш одигра квалитетно, парираше имаше и шанси за гол но во самиот финиш прими уште еден гол и загуби со 2-0. Дербито помеѓу Шкендија и Шкупи заврши 0-0 а со ист резултат заврши и средбата Скопје - Брегалница. Во дербито на дното Работнички со 1-0 ја совлада Победа. Академија Пандев беше изненадена и поразена на свој терен од Македонија ЃП со 0-1. Во ова коло слободен беше Силекс.

М.В.
 
 

 
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			  .jpg) 
			  .png) 
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
 
                         
  
  
  
  
  
 
 
 
					 
 
					 
 
					 
 
					 
					   
					   
					   
					   
					  
                        
                       
					  
                        
                      