ТЕШКИ ГОСТУВАЊА НА ЛОКОМОТИВА ГРАДСКО, ВАРДАР НЕГОТИНО И МАРЕНА
Фудбалските третолигаши викендов ке го одиграат редовното 16 коло. Во групата југ се очекуваат многу интересни дуели како во борба за врвот така и оние во кои ке се решава судбината на екипите од долниот дел на табелата.Лидерот, екипата на „Локомотива“ од Градско го игра дерби натпреварот со екипата на „Превалец“ која заостанува само 4 бода зад лидерот па се очекува и неизвесен дуел.Второпласираниот тим на „Ново Црнилиште“ кој има ист број бодови со „Локомотива“ ке игра на домашен терен но противник ке им биде тимот на „Напредок“ кој е трет на табелата и заостанува само 3 бода зад водечките екипи. Што значи и овде може да се очекува апсолутно неизвесен дуел. Неизвесен дуел ја очекува и екипата на „Вардар“ од Неготино која му гостува на „Братство“ екипа која на табелата заостанува само бод зад неготинчани.Неизвесно би требало да биде и на останатите дуели во кои „Г.Коњари“ го пречекува „Обршани“, „Дојранско Езеро“ игра со „Питу Гули“, во Кривогаштани „Младост“ го пречекува „Илинден“ додека „Марена“ му гостува на „Динамо“.
М.В.